Алтернативни начини на штедење постојат, а македонските граѓани мора да ја разбијат конзервативноста кога се работи за инвестирање на своите слободните пари кои ги имаат.
Во светот веќе одамна се размислува за други модели на штедење како што е инвестирањето во инвестициски фондови. Од таму и со конкретен пример, ако за станбен кредит ви се потребни 35 илјади, за 10 години ќе треба да вратите повеќе од 50 илјади евра или месечно да одвојувате по 400 евра.
„Доколку овие 400 евра што ќе треба да ги уплаќате како месечна рата на банката, вие ги инвестирате во инвестициски фондови, за 10 години би можеле да располагате со средства од 80 до 100 илјади евра, што е два до три стана“, изјави Ивона Манасијевска, Илирика Фунд Менаџмент.
Физичките лица од Македонија во комерцијалните банки штедат околу 2,2 милијарди евра. Како илустрација, само два милиони евра се инвестирани во инвестиционите фондови, што претставува исклучително мал процент или едно евро по глава на жител.
Но овој разочарувачки податок, пак, e сериозен сигнал дека на македонско тло има неоткриен пазар кој ветува големи финансиски придобивки.
No comments:
Post a Comment