Monday, September 20, 2010

Перспективи на инвестициските фондови

Како да се разбие конзервативноста на македонските граѓани, кога луѓето во светот веќе одамна најдоа други алтернативи како да ги оплодуваат своите пари.
Македонците важат за старомодни инвеститори, се уште единствениот начин за ослободување од слободните пари е пласирање во комерцијалните банки, за што добиваат камата.
„Во светот голем дел од граѓаните веќе знаат и го практикуваат алтернативниот начин на инвестирање. Тоа значи дел од слободните парични средства, покрај депонирањето во банка за која добиваат одреден интерес, односно камата, парите ги инвестираат во приватни пензиски фондови или во отворени инвестициони фондови, каде повторно со истите средства управуваат квалификувани инвеститори, односно истите тие средства ги оплодуваат лица кои се квалификувани за таквата работа“, рече Крсте Шајновски, универзитетски професор.
Штедењето во банка обезбедува заработка од камати, но експертската јавност потенцира дека токму овие камати често ги јаде инфлацијата, со што се нарушува и вредноста на парите.
„Физичките лица од Македонија во комерцијалните банки штедат околу 2,2 милијарди евра, од тие средства, само како илустрација, два милиони евра се инвестирани во инвестиционите фондови, што претставува исклучително мал процент или едно евро по глава на жител“, додава Шајновски.
Овој разочарувачки податок пак, e сериозен сигнал дека на македонско тло има неоткриен пазар кој ветува големи финансиски придобивки.

No comments:

Post a Comment