Времето на големи заработки од берзански трансакции е минато, догорочен профит ќе носат акциите на стабилни компании.
„И приватниот сектор и државата ќе мораат да поминат низ период на раздолжување и тој период на раздолжување ќе генерира пониско ниво на ликвидност“, изјави Глигор Бишев, Стопанска Банка.
Иднината на берзата лежи во инвестициските фондови - модели што на долгорочен план гарантираат заработувачка, сметаат експертите.
„Доколку беа присутни повеќе инвестициски фондови во периодот претходно, падот ќе беше многу помал, можеби и растот ќе беше помал од причина што таквите институции многу подолго гледаат и помалку се ослободуваат од акциите“, вели Сашо Арсов, универзитетски професор.
„Малку поголем хендикеп е што тие се појавија во Македонија многу доцна, за разлика од другите земји во транзиција каде што во раните деведесети години инвестициските фондови зазедоа прилично голем дел во тргувањето на берзата“, рече Горан Петревски, универзитетски професор.
За берзата клучно е регионалното опоравување, но и опцијата за продажба.
„Веројатно и иднината ќе биде повторно врзана на Македонската берза со регионалните раздвижувања“, изјави Иван Штериев, директор на Македонска берза.
Ако пред неколку години беше центар на финансискиот интерес денеска во полупразна сала се одбележа 15 годишнината од нејзиното формирање.
Во својата куса историја берзата мина низ различни фази, од берзанскиот бум во 2007 до рекорден пад на цената на акциите лани.
„Финансискот штедење кај нас, пред се оди во еден тип на финансиска актива тоа се банкарските депозити. Тоа се многу малку се уште во акции“, изјави Владимир Филиповски, универзитетски професор.
Компаниите што котираат денеска вредат две милијадри евра што е ниво од 2005.
Без членство во НАТО и без датум за преговори со ЕУ, акциите вртоглаво паднаа. Сега има мало опоравување, но не доволно за будење на берзата. Дневниот промет денеска изнесува само десет проценти од прометот што се остваруваше пред 3 години.
No comments:
Post a Comment