Инвестициски фондови или банки - каде да се вложат парите? Штедењето во банка обезбедува заработка од камати, но аналитичарите велат овие камати често ги јаде инфлацијата, со што се нарушува и вредноста на парите.
Фондовите создаваат простор за значајно поголеми добивки - на подолг рок.
„Значи на принцип на инвестициски фонд, кај што оставам други луѓе да го менаџираат она што јас сум го вложил.
-Не сум вложил многу, но со добар консултант, брокер, ги оплодив парите“, велат анкетираните.
Граѓаните тешко се решаваат да ги напуштаат класичните начини на чување на парите, но аналитичарите сметаат дека освен во банка дел од заштедата треба да се насочи во инвестициските фондови.
Во регионот вложувањата во фондовите е во постојан подем. Во Бугарија секој жител има по 27 евра вложени во инвестициски фондови.
Во Хрватска 400 евра по жител, во Словенија 1.000 евра. За разлика од ова - секој Македонец има само по едно евро во инвестициски фондови, но многу повеќе во банките.
„Просечно по глава на жител излегува дека Македонецот има по 1.000 евра заштеда во банка. Може да се заклучи дека има средства, меѓутоа очигледно е дека на луѓето им фалат дополнителни идеи за нивните средства“, изјави Коста Костадиновски, Илирика Фунд Менаџмент.
Инвестирањето во акции и фондови за многумина донесе разочарување по бумот во 2007 и лошата 2008 година, сега кај луѓето се враќа оптимизмот, но парите ги инвестираат со повеќе анализи се следат и стручните совети.
No comments:
Post a Comment