| Инвестиции 10 совети за долгорочно инвестирање |
Често се случува инвеститорите кои заработуваат од неколку акции чија вредност расте во одреден временски период, во исто време да ги чуваат и акциите чија вредност опаѓа, со надеж дека таквата ситуација ќе се промени и со оправдување дека дури и да не се поврати вредноста на губитничките акции, тие остануваат во позитива или пак на позитивна нула. Ако инвеститорот не знае кога е време да се откаже од безнадежните акции, ништо не може да ја спречи акцијата да пропадне на безвредно ниво. Секоја акција може целосно да ја изгуби вредноста како резултат на проблемите во управувањето со компанијата, проблемите во секторот во кој настапува компанијата, нерегуларности во работењето, афери и сл. Секако, идејата за задржување на високо квалитетните инвестиции додека во исто време ги продаваме слабите инвестиции е многу добра во теорија, но е многу тешка да се спроведе во пракса. Следните информации може да помогнат:
- Возење на победниците – Питер Линч вил познат за неговите т.н. “ten baggers”, инвестиции кои ја зголемиле вредноста десет пати. Теоријата е дека голем дел од неговиот успех се должи на мал број на акции во неговото портфолио, кои донеле многукратни добивки. Ако имате лична политика да продавате ако акцијата се зголемила повеќекратно – на пример трипати – најверојатно никогаш нема во целост да извозите победник. Никој во историјата на инвестирањето со менталитет „продавам откако ќе ги дуплирам парите“ не доживеал “ten bagger”. Ако немате добро познавање на потенцијалот на вашите инвестиции, вашите лични правила може да ве ограничуваат од искористување на целосниот потенцијал на инвестицијата.
- Продавање на губитниците – не постои гаранција дека акцијата ќе се поврати на претходното ниво откако веќе опаѓала подолго време. Иако е важно да не ги потценувате добрите акции, еднакво важно е да бидете реалистични околу вашите инвестиции кои имаат лоши перформанси. Препознавањето на губитниците е тешко бидејќи во исто време претставува признавање на вашата грешка. Но, битно е да бидете искрени кога ќе сфатите дека акциите ги немаат перформансите кое сте го очекувале. Проголтајте ја својата гордост и продолжете понатаму пред вашите загуби да станат уште поголеми.
2. Не бркајте го „жешкиот совет“
Без разлика дали советот доаѓа од вашиот брат, братучед, сосед или брокер, никој не може да гарантира што ќе направи акцијата. Кога ќе инвестирате во нешто, многу е важно да ги знаете причините поради кои сте го направиле тоа: направете свое истражување и анализа на било која компанија, пред и воопшто да размислите за инвестирање. Потпирањето на друг не претставува само избор на полесниот пат, туку исто така претставува и коцкање. Секако, со малку среќа советите понекогаш може да се исплатат. Но, тие никогаш нема да ве направат информиран инвеститор, а тоа е карактеристика која секој долгорочен инвеститор мора да ја поседува.
3. Не паничете за мали работи
Како долгорочен инвеститор, вие не смеете да кревате паника кога вашите инвестиции потпаѓаат под краткорочни негативни влијанија. Кога ја следите активноста на вашите инвестиции, секогаш треба да ја гледате големата слика. Запаметете дека треба да бидете сигурни во квалитетот на вашите инвестиции, наместо да бидете нервозни околу неизбежната непостојаност на краток рок.
4. Не го пренагласувајте P/E индикаторот
Инвеститорите често му даваат преголема важност на коефициентот цена/заработка. Ова е само еден индикатор кој треба да го земете во предвид, па носењето на инвестициони одлука само врз основа на вредноста на P/E индикаторот е опасно и претставува карактеристика на недоволно посветен инвеститор. Низок P/E однос не мора да значи дека хартијата од вредност е потценета, и обратно.
5. Акциите со многу ниска вредност често можат да ве излажат
Вообичаено грешно сфаќање е дека помалку може да се изгуби ако се купуваат евтини акции. Но, дали ќе купите акција која вреди 5 долари и која ќе пропадне до 0 долари, или ќе купите акција која вреди 75 долари чија вредност исто така паднала на нула, и во двата случаја губите 100% на својата иницијална инвестиција.
6. Одберете стратегија и цврсто држете се до неа
Различни луѓе користат различни методи за избор на акции и за исполнување на нивните инвестициони цели. Постојат многу начини за да се биде успешен и ниедна стратегија не е посебно подобра од било која друга. Сепак, кога ќе го пронајдете својот стил, држете се цврсто до него. Инвеститор кој постојано се префрла од една на друга стратегија, најверојатно ќе го доживее најлошото, отколку најдоброто од секоја од нив.
7. Фокусирајте се на иднината
Тешкиот дел од инвестирањето е тоа што ние се трудиме да направиме информирани одлуки темелени на работи кои допрва треба да се случат. Важно е да запаметиме дека иако користиме податоци од минатото, сепак она што нас ни е најбитно е она што ќе се случи во иднина. Минатото обично се повторува, но никогаш во иста форма и ист интензитет.
8. Инвеститорите усвојуваат долгорочна перспектива
Големи краткорочни профити често може да ги измамат тие кои се нови на пазарот. Но, прифаќањето на долгорочен хоризонт и откажување од менталитетот „влези, излези и направи куп пари“ е нешто што секој инвеститор треба да го направи. Ова не значи дека е невозможно да се прават пари на краток рок со активно тргување. Но, инвестирањето и тргувањето се две многу различни начини на заработување од пазарот.
9. Бидете слободоумни кога ќе избирате компании
Илјадници мали компании имаат потенцијал да се претворат во големи првокласни хартии од вредност. Всушност, малите компании имаат поголем повраток на капитал од големите: во последните декади, акциите на малите компании во САД имаат повраток на капитал од 12,27% додека кај големите компании од индексот на Standard & Poor’s 500 овој процент изнесува 10,53%. Ова не значи дека треба целиот свој интерес да го посветите на акциите на малите компании. Значи дека има многу добри компании покрај оние во главните индекси, и нивното запоставување може да значи дека запоставувате и големи добивки.
10. Нема совршен водич за инвестирање
Пред да изградите сопствен систем за тргување, прочитајте ги правилата наведени во системите на познатите учесници на инвестиционите пазари низ светот. Водич од 10 најдобри чекори не постои. Постојат 10 сугестии овде и уште илјадници сугестии низ стручната литература насекаде низ светот. Изберете си сопствени 5,10, или 15 чекори и строго внимавајте на нив и повремено вршете ревизија на сопствените чекори.
ЗАКЛУЧОК
Во оваа статија покривме неколку значајни совети за долгорочните инвеститори. Секое правило има исклучоци, односно нема правило без исклучоци. Во зависност од вашите размислувања, може дури и да не се согласите со некои од овие показатели. Тоа е нормално кога станува збор за непредвидливоста на пазарите за хартии од вредност.
Силно би го препорачал заемот на г-дин Педро на секое лице на кое му е потребна финансиска помош и тие ќе ве држат на врвот на високите директориуми за какви било дополнителни потреби. Уште еднаш се пофалувам себе си и вашиот персонал за извонредната услуга и услуги за клиентите, бидејќи ова е голема предност за вашата компанија и пријатно искуство за заемопримачите како што сум јас. Ви посакуваме се најдобро во иднината. Господине, Педро е најдобриот начин да се добие лесен заем, тука е нивната е-пошта.. pedroloanss@gmail.com
ReplyDeleteТи благодарам што ми помогна со заемот уште еднаш во моето искрено срце, засекогаш сум благодарен.
Можете да го контактирате г-дин Педро Џером за следната финансиска помош, како што се заем за дом, заем за автомобил, деловен заем, личен заем, заем за трговци, заем за SBA.